НАРАЧАЈТЕ ПАКЕТ ПРОИЗВОДИ И ЗАШТЕДЕТЕ ДО 25%

Meblo.mk

Политика на поврат на средства

Друштво за производство, трговија и услуги М-Е ХОМЕ ДООЕЛ увоз-извоз с.Неготино,Врапчиште Ви овозможува користење на услуги и содржини на својата веб страна www.meblo.mk во согласност со долунаведените услови на користење.  

ПОДАТОЦИ ЗА ФИРМАТА 

Друштво за производство, трговија и услуги М-Е ХОМЕ ДООЕЛ увоз-извоз с.Неготино,Врапчиште

ул. „101“ бр.1, Неготино-Полошко, Врапчиште

Гостивар, Република Северна Македонија

ЕМБС: 7853173

Даночен број: 4042025505637
Шифра на дејност: 31.000 Производство на мебел

E-mail: info@meblo.mk
Веб-страница: www.meblo.mk     

УСЛОВИ НА КОРИСТЕЊЕ

Почитувани потрошувачи/купувачи,

Ве молиме пред користење на нашите услуги, внимателно да ги прочитате следните услови. Секоја посета на нашата веб страница (платформа), како и секое купување, значи дека сте ги прочитале овие услови и дека сте во целост согласни со истите. Доколку тие за Вас се неприфатливи, Ве молиме да не ја користите оваа веб страница: www.meblo.mk.

Општи одредби

Друштво за производство, трговија и услуги М-Е ХОМЕ ДООЕЛ увоз-извоз с.Неготино,Врапчиште ги има авторските права на сите содржини (текстуални, визуелни и аудио материјали, бази на податоци и програмерскиот код) или се користат со писмена дозвола од носителот на авторските права и на носителот на правата за трговски марки и/или дизајн. Секое копирање, дистрибуција, пренос, објавување, поврзување, длабоко поврзување, или на друг начин модифицирање на овој веб-сајт без изречна писмена согласност на Друштво за производство, трговија и услуги М-Е ХОМЕ ДООЕЛ увоз-извоз с.Неготино,Врапчиште е строго забрането. Прекршување на општите услови за употреба можат да доведат до покренување на соодветни постапки против сторителите за прекршување на авторските права, заштитниот знак и права или правата на која било друга форма на интелектуалната сопственост.

Друштво за производство, трговија и услуги М-Е ХОМЕ ДООЕЛ увоз-извоз с.Неготино,Врапчиште може да ги менува и дополнува овие услови на користење соодветно на потребите кои ќе се појават во зависност од активностите и услугите кои се нудат, а сите промени ќе станат важечки откако ќе се објават на нашата веб страница www.meblo.mk.

Одредени одредби на овие услови може да се заменат со правни известувања и услови единствено достапни на одредени страници на www.meblo.mk.

Материјали кои ги проследува корисниот (коментари и други содржини)

Личните податоци кои ги проследувате до сајтот www.meblo.mk со цел купување на производи ќе бидат третирани во согласност со применливата регулатива за заштита на личните податоци и Политиката за приватност. Забрането е праќање или пренесување до и од оваа локација, било какви незаконски материјали или материјали со навредлива содржина.

Сите материјали, информации и други соопштенија кои ги пренесувате или праќате на оваа локација нема да се сметаат за доверливи и ќе се користат за маркетинг и комерцијални цели. Секако, во оваа група не спаѓаат Вашите лични податоци. Нив, согласно со нашата политика за приватност, ги користиме само за целта за која се собрани. Не ги откриваме ниту ги проследуваме на трети лица, туку ги користиме единствено за обработка на Вашите нарачки.

Кориснички блог

Друштво за производство, трговија и услуги М-Е ХОМЕ ДООЕЛ увоз-извоз с.Неготино,Врапчиште го задржува правото да ги отстрани пораките кои содржат материјал кој сметаме дека е непристоен, клеветнички, навредлив или на било кој друг начин неприфатлив.

КРЕИРАЊЕ НА НАЛОГ

За да Ви биде овозможено купување на нашата веб страница www.meblo.mk, може, но и не мора да бидете регистриран корисник. Процесот на купување и на регистрација е многу едноставен и потребно е да ги внесете само Вашите лични податоци. Со цел да ја започнете регистрацијата потребно е во горниот десен агол да кликнете на полето „РЕГИСТРАЦИЈА“, а потоа Ви се отвараат полиња каде што е потребно да ги внесете Вашите лични податоци. Откако ќе ги внесете сите податоци кликнете на полето „РЕГИСТРИРАЈ СЕ“ и на Вашиот емаил ќе Ви пристигне соодветен линк за кој е потребно да го кликнете, со што Вашата регистрација ќе биде завршена и ќе може да продолжите со купувањето. Регистрацијата е бесплатна.

Формуларот кој го пополнувате за време на регистрација се пополнува само еднаш, а секој нареден пат кога ќе се логирате тоа ќе биде на веќе креираниот профил.

Во процесот на купување, потрошувачот изјавува дека е запознаен и се согласува со Условите за користење и Политиката за приватност.

ИЗБОР, ОПИС И ЦЕНА НА ПРОИЗВОДИ                         

На почетната страница поставено е главно мени каде може да се избере разгледување на производите според категорија. 

Описот на производот, односно неговите основни карактеристики и продажната цена се истакнати до сликата на секој производ.

Фотографијата на производот може да варира од оригиналниот изглед на производот, и истата е дадена единствено од информативен карактер.

Сите цени на производите прикажани на веб страната се конечни и вклучуваат ДДВ. Цените се наведени и се наплаќаат во денари. 

Трошоците за достава на производите не се вклучени во цената, туку се наплаќаат дополнително.

Друштво за производство, трговија и услуги М-Е ХОМЕ ДООЕЛ увоз-извоз с.Неготино,Врапчиште може од време на време и по свое видување да организира акциска продажба, промотивната продажба, намалување, ставањето во промет на производи со недостаток или грешка.

Времетраењето на акциската продажба, промотивната продажба, намалување, ставањето во промет на производи со недостаток или грешка го определува Друштво за производство, трговија и услуги М-Е ХОМЕ ДООЕЛ увоз-извоз с.Неготино,Врапчиште.

Друштво за производство, трговија и услуги М-Е ХОМЕ ДООЕЛ увоз-извоз с.Неготино,Врапчиште може во секое време да ја прекине акцијата и намалувањето на цената на производите.

СОДРЖИНА НА КОШНИЧКАТА

Со притискање на полето „ДОДАДИ ВО КОШНИЧКА” ќе бидете известени дека производот се наоѓа во Вашата кошничка. Можно е повеќе пати да додадете ист производ во кошничката.

Во секој момент овозможен е преглед на сите производи кои сакате да ги купите. Со едноставен клик на иконата за кошничка, во горниот десен дел од веб страната може да проверите кои производи се избрани за купување. Од кошничката може да избришете производи или да ја зголемите нивната количина.

Производите додадени во кошничката не се резервираат.

НАРАЧУВАЊЕ НА ПРОИЗВОДИ ОД КОШНИЧКАТА

Кога сте подготвени да извршите купување потребно е на страницата во горниот десен агол да кликнете на полето кошничка. По проверка на нарачаните производи од Вас ќе биде побарано да се регистрирате, да се логирате на својот профил или да креирате нарачка без регистрација.

Потоа потребно е да ги внесете Вашите точни лични податоци и да одберете начин на плаќање, со што ќе Ви се отвори страницата за завршување на купувањето.

По нарачување на производите на наведената емаил адреса ќе Ви биде доставена потврда за видот и количината на нарачаните производи.

Сите наши производи се испорачуваат расклопени, но со јасно и едноставно упатство за монтажа.

Монтажата не бара специјални алати и сè што ви е потребно е вклучено или веќе го имате дома.

ПЛАЌАЊЕ

За да купите производи преку сајтот, достапни се два начини на плаќање и тоа:

  • плаќање по испорака во готово на курирската служба, или
  • со платежна картичка.

Плаќањето на производите се врши единствено во денари.

За нарачка во вредност над 2.000.00 Евра во денарска противвредност, доколку се работи за еднократно плаќање, плаќањето може да се изврши само со платежна картичка на веб страната.

Не може да се нарачаат производи со вредност поголема од наведената.

Доколку се работи за неколку поврзани плаќања во период од еден работен ден од извршувањето на претходното плаќање, чиј збир ја надминува вредноста од 2.000.00 Евра во денарска противвредност, Банката има право да одбие извршување на налогот доколку средствата се платени во готовина, како и да побара стоката да се плати безготовински со платежна картичка на веб страната.

ПЛАЌАЊЕ ПО ИСПОРАКА

Се плаќа на курирот, веднаш по испорака на Вашата пратка, исклучиво во готовина.

ПЛАЌАЊЕ СО ПЛАТЕЖНА КАРТИЧКА

Можете да платите со користење на платежните картички на Visa, Visa Electron, MasterCard или Maestro. Картичката мора да биде одобрена за онлајн (интернет) плаќање од страна на банката која ја издала.

За да ја извршите нарачката треба да ги внесете податоците од платежната картичка на означената безбедна форма на страницата Друштво за производство, трговија и услуги М-Е ХОМЕ ДООЕЛ увоз-извоз с.Неготино,Врапчиште.

На оваа страница потребно е да ги внесете следните податоци:

  • Број на платежната картичка
  • Име и презиме на носителот на картичката
  • Датумот на важност на картичката
  • CVV2/CVC2 код, кој може да го прочитате на задната страна од вашата картичка

Бројот на платежната картичка и бројот CVV2 или CVC не се складирани или обработени од Друштво за производство, трговија и услуги М-Е ХОМЕ ДООЕЛ увоз-извоз с.Неготино,Врапчиште.

Доколку трансакцијата е извршена, ќе добиете известување за успешна резервација на средства во износ на креираната нарачка. Со прифаќање на овие услови на користење, се согласувате дека во моментот на плаќањето на на нарачката ќе Ви бидат резервирани средства во висина на креираната нарачка, како и дека Вашата избрана платежна картичка ќе биде задолжена за износ од сметката за реализираното купување.

Потрошувачите кои се регистрирани на нашата веб страна, можат да ја зачуваат користената платежна картичка на нивната корисничка сметка за идни купувања. 

ДОСТАПНОСТ НА ПРОИЗВОДИ

Сите нарачки на производи зависат од достапноста. Ако постојат потешкотии во врска со набавката на производите или доколку производите повеќе не се на залиха, ќе ви го надоместиме износот што сте го платиле.

ДОСТАВА

Испораката на производите нарачани преку веб страната www.meblo.mk се врши на територијата низ цела Македонија преку сигурна карго служба.

Доставата на производите кои се на залиха се врши во рок од 2 до 4 работни дена од денот на нарачувањето.

За производите кои се изработуваат по нарачка, времето на изработка ќе биде наведено во описот за производот.

Во периодот на активни акции и намалувања на цените и во период на зголемен обем на нарачки, испораката може да биде пролонгирана за неколку дена од одредениот рок за достава.

Цената на испорака преку карго служба не е вклучена во цената на производот.

За градот Скопје, цената на испорака изнесува 150 денари, и ја плаќа купувачот при прием на пратката на курирската служба.

За другите градови, цената на доставата зависи од тежината и димензиите и се наплаќа според тарифата на каргото.

НЕМОЖНОСТ ЗА ИСПОРАКА

Доколку е невозможно да ја доставиме нарачката до купувачот, истата ќе биде вратена во складиштето.

За невозможноста за доставување на нарачката, ќе добиете порака со објаснување каде се наоѓа нарачката и што да сторите за повторно да се достави. Доколку не сте на местото за испорака во договореното време, бараме да ни се обратите за ја организираме испораката во друг ден.

Доколку и по 30 (триесет) дена од датумот кога нарачката е достапна за испорака, нарачката не може да се достави поради причини кои не може да се припишат на Друштво за производство, трговија и услуги М-Е ХОМЕ ДООЕЛ увоз-извоз с.Неготино,Врапчиште, ќе претпоставиме дека сакате да го откажете договорот и тој ќе биде раскинат.

Како резултат на раскинувањето на договорот, ќе ви ги вратиме сите уплати што сме ги примиле од Вас, во рок од 14 (четиринаесет) дена од денот кога е раскинат договорот.

Трошоците настанати поради транспортот на производот настанати од раскинувањето на Договорот ќе ги сноси потрошувачот (Вие).

РЕКЛАМАЦИИ

Производот кој што е нарачан преку нашата веб страна www.meblo.mk и е доставен од страна на курирската служба, потребно е да го проверите веднаш по приемот и доколку истиот има видливи оштетувања, како искинати делови или нагмечувања веднаш пријавете до контакт центарот на Друштво за производство, трговија и услуги М-Е ХОМЕ ДООЕЛ увоз-извоз с.Неготино,Врапчиште на е-маил info@meblo.mk или на еден од телефонскиот број +389 78 245 509.

Со цел да се процесира рекламацијата потребно е да ни испратите е-маил со следнава содржина:

– Број на нарачка,

– Шифра на производот што сакате да го рекламирате,

– Опис на проблемот што го имате и слика од оштетениот производ.

Рекламацијата без потребните информации се смета за некомплетна.

Пријавувањето на производ кој што е ошететен потребно е да го направите во рок од 24 часа од приемот на пратката. Производот треба да биде спакуван во неговото оригинално пакување со декларација, кутија, фактура и истиот не треба да е употребуван.

Приговорот од купувачот од страна на Друштво за производство, трговија и услуги М-Е ХОМЕ ДООЕЛ увоз-извоз с.Неготино,Врапчиште се препраќа до курирската служба. Курирската служба доаѓа на адресата на потрошувачот со цел да ја утврди фактичката состојба и да направи извештај. Доколку е потребно, курирската служба го зема производот за дополнително утврдување и проценка на настанатата штета. Поради оваа причина, пратката не треба да се препакува, туку да се остави како што пристигнала.

Доколку се утврди одговорност на курирската служба за губење или целосно или делумно оштетување на производот, потрошувачот ги остварува своите права согласно Законот за поштенски услуги. 

Рекламациите се прават исклучиво онлајн и согласно упатствата наведени погоре.

Друштво за производство, трговија и услуги М-Е ХОМЕ ДООЕЛ увоз-извоз с.Неготино,Врапчиште има право да ја одбие рекламацијата доколку не е постапено по упатствата за рекламација на производи согласно овие услови за користење.

ВРАЌАЊЕ НА ПРОИЗВОДИ

Во случај на враќање на нарачаниот производ и поврат на средства на купувач кој претходно платил со платежна картичка, а без оглед на причината за враќање, Друштво за производство, трговија и услуги М-Е ХОМЕ ДООЕЛ увоз-извоз с.Неготино,Врапчиште има обврска враќањето на средства да го изврши исклучиво преку VISA и Maestro, што значи дека банката на барање на продавачот ќе изврши поврат на средствата на сметката на корисникот на картичката.

Доколку е потребно да се изврши враќање на производ и поврат на средства кој што е платен во готово при преземање на нарачката од курирската служба, рефундацијата не може да се направи во готовина, туку истата се врши на трансакциската сметка на корисникот која што ја навел во своето барање за поврат.

Враќање на производот може да се изврши  во рок од 14 (четиринаесет) дена сметано од денот на достава на производот до купувачот.

Повратот на средства на купувачот ќе се изврши не подоцна од 14 (четиринаесет) дена сметано од денот на враќањето на производот од купувачот.

Трошоците за испорака, при враќање на производот, се на товар на купувачот.

ЗАМЕНА НА ПРОИЗВОДИ

Производите се заменуваат само под условите пропишани во Законот за заштита на потрошувачите.

По барање на купувачот може да се изврши замена на нарачаниот производ од веб страната www.meblo.mk со производ што има соодветен квалитет, доколку производот што е купен не е соодветен во однос на формата, големината, моделот, бојата или од други причини.

Замена на производот не се врши доколку истиот е изработен по нарачка на потрошувачот.

Купениот производ може да се замени во рок од 15 (петнаесет) дена сметано од денот кога производот му е доставен на потрошувачот.

Замената на производот се врши единствено доколку производот не бил употребуван, ако е сочуван неговиот изглед, употребни својства, декларација и етикета и фабрички означувања, како и сметката што на потрошувачот му била издадена заедно со производот.

Со цел да се процесира замената на производот потребно е да ни испратите е-маил на info@meblo.mk со следнава содржина:

– Број на нарачка,

– Шифра на производот што сакате да го замените,

– Опис на причините за замена,

– Шифра на новиот производ за кој што сакате да се изврши замената.

По испитување на доставеното барање за замена од страна на Друштво за производство, трговија и услуги М-Е ХОМЕ ДООЕЛ увоз-извоз с.Неготино,Врапчиште, ќе бидете контактирани на емаил адресата од која е доставено барањето дали истото е прифатено.

Доколку барањето за замена на производот е прифатено ќе бидете известени од  Друштво за производство, трговија и услуги М-Е ХОМЕ ДООЕЛ увоз-извоз с.Неготино,Врапчиште со понатамошни инструкции за начинот на замена на производот.

Ако во моментот на поднесувањето на барањето го немаме соодветниот производ како купувач имате право:

  • да го раскинете договорот и да барате враќање на платениот износ или
  • да го замените производот со друг соодветен производ кога на Друштво за производство, трговија и услуги М-Е ХОМЕ ДООЕЛ увоз-извоз с.Неготино,Врапчиште ќе располагаме со таква стока.

Купувачот кој барал замена на производот, ќе биде известен во рок од не подолг од 30 дена од денот на премот на производот дека Друштво за производство, трговија и услуги М-Е ХОМЕ ДООЕЛ увоз-извоз с.Неготино,Врапчиште располага со таков соодветен производ.

Трошоците за испорака, при замена на производот, се на товар на купувачот, освен во случај кога купувачот добил неисправен или погрешен производ.

ПОТРОШУВАЧКИ ПРИГОВОРИ

Вашите приговори и забелешки може да ни ги доставите на info@meblo.mk  или по пошта на нашата адреса наведена погоре.

РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИ 

Договорните страни се согласуваат дека одредбите од Уловите за користење се толкуваат на начин што придонесува за извршување на договорните обврски за заедничка корист. Договорните страни се согласуваат да се обидат мирно да ги решат сите можни недоразбирања кои ќе настанат за време на траењето на договорниот однос. Доколку не го сторат тоа, надлежен ќе биде судот во [Гостивар] кој ќе ги применува законите на Република Северна Македонија. 

ВОНСУДСКО РЕШАВАЊЕ НА ПОТРОШУВАЧКИ СПОРОВИ 

Во согласност со Законот за заштита на потрошувачите, потрошувачот може да го реши спорот во вонсудска постапка за решавање на спорови, на начин утврден со тој Закон. 

ПОЛИТИКИ ЗА ДИРЕКТЕН МАРКЕТИНГ

Вашите лични податоци може да ги користиме за да Ви праќаме директни маркетинг информации за Друштво за производство, трговија и услуги М-Е ХОМЕ ДООЕЛ увоз-извоз с.Неготино,Врапчиште и новините кои сметаме дека се интересни и релевантни за Вас.

Вашите лични податоци ги користиме за цели на директен маркетинг исклучиво врз основа на Ваша согласност за обработка на Вашите податоци за цели на директен маркетинг која имате право да ја дадете при регистрација на нашата страна или пак со оставање на Вашата е-маил адреса во делот „Newsletter”

При регистрација како нов корисник, имате право да ја дадете својата согласност со одбирање на опцијата: “Сакам да добивам новости на мојата е-маил адреса”.

Вие имате право во секое време да побарате од нас да не испраќаме маркетинг информации и да не ги користиме Вашите лични податоци кога вршиме профилирање за целите на директен маркетинг. Може да одбиете да примате електронски вести и други маркетинг соопштенија, доколку ги следите упатствата за одбивање содржини во електронските пораки, преку следење на линковите за исклучување на определена опција во долниот дел од електронската порака: “За да се одјавите од овој newsletter, Ве молиме кликнете тука или Unsubscribe.”

ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

За успешно да ги обработиме нарачките, потребни ни се име и презиме на нарачателот, адреса на живеење, е-маил адреса и број на телефон. Со помош на споменатите податоци можеме да ги испорачаме саканите производи, како и да ги известиме купувачите за моменталниот статус на нарачката.

За собирањето, обработката и заштитата на Вашите лични податоци, посетете ја нашата Политика за приватност која е достапна на нашата веб страна www.meblo.mk. 

Shopping cart0
There are no products in the cart!
Continue shopping
0